дома Балкан (Видео) Растат тензиите во Будва, специјалците излегоа на улица

(Видео) Растат тензиите во Будва, специјалците излегоа на улица

Тензиите повторно се зголемија во Будва вечерва околу 18:30 часот. Граѓаните се упатија кон полициската станица, а специјалната единица повторно излезе на улиците.

Собраните чекаат синот на претседателот на Општина Будва, Марко Царевиќ, од полициската станица да биде спроведен во канцеларијата на обвинителство, пренесува „Вјести“ .

Меѓу собраните се Марко Царевиќ и претседателот на локалниот парламент, Крсто Радовиќ, кои беа уапсени утрово и беа пуштени во попладневните часови.

Присутните извикуваат „ фрлете ги штитовите“, „Црна Гора се крена, светците мораат да се бранат, крадците на Мило“ и „Усташи“.