дома Свет (ВИДЕО) РУСКИ ВОЕН АВИОН ПРЕЛЕТА НАД БЕЛАТА КУЌА И ПЕНТАГОН: Медиумите во...

(ВИДЕО) РУСКИ ВОЕН АВИОН ПРЕЛЕТА НАД БЕЛАТА КУЌА И ПЕНТАГОН: Медиумите во САД панично известуваат за рутинската мисија на Руската Федерација во САД

Сите земји членки на Договорот за отворено небо можат да побараат дозвола за набљудувачки летови преку кој било дел на територијата, што значи дека можат практично да летаат каде и да сакаат, изјавил за весникот „Политико“ претставник на Пентагон, кој сакал да остане анонимен, по повод пишувањето на медиумите дека руски авиони прелетале над „срцето“ на американската администрација


„Процедурата е таква што руските набљудувачи доставуваат список со локации кои сакаат да ги прелетаат, а потоа се издава неопходната дозвола. Потоа се составува план на летање поради безбедносни и временски услови, но генерално сите тие летови се одобруваат“, рекол тој.

Претставникот на Пентагон исто така рекол дека граѓаните на Америка не треба да се загрижуваат и дека сите тие летови детално се контролираат, додека авионот секогаш има по еден претстаник на САД.

„Тие мисии се рутинска работа“, додал тој.

Претходно американската телевизија Си-Ен-Ен соопшти дека руски воен авион прелетал над Капитол Хил, Пентагон, Белата куќа, како и над други важни административни згради.

https://www.youtube.com/watch?v=ttBVY4DqF28