дома Спорт (Видео) Рaзбoјници во домoт на фудбaлерот на Челзи: Укрaдeни се злaтен и...

(Видео) Рaзбoјници во домoт на фудбaлерот на Челзи: Укрaдeни се злaтен и срeбрен медал

Маскирани разбојници го обиле семејниот дом на фудбалерот на актуелниот европски првак Челзи и англиски репрезентативец Риз Џејмс, при што му се украдени златниот медал од Лигата на шампиони и среброто од ЕУРО2020.

Поединости околу грабежот изнесе самиот Џејмс на социјалните мрежи, објавувајќи на Инстаграм секвенци од безбедносните камери на кои може да се види како четворица разбојници со качулки на главите насилно влегуваат во неговиот дом.

– Група кукавички разбојници ми го обија домот. Успеаја да подигнат тежок сеф во кои има некои мои лични предмети и да го внесат во автомобил, напиша Џејмс, појаснувајќи дека му се украдени медалите од Лигата на шампиони и Европското првенство.

– Овие медали се освоени претставувајќи ги Челзи и Англија, и тоа е чест која никој никогаш нема да може да ми ја одземе, порача 21-годишниот англискиот дефанзивец.

Грабежот бил извршен ноќта на 14 септември додека Џејмс со својот Челзи играше против Зенит на стартот на Лигата на шампиони.