дома Македонија (Видео) “Сам на свој pизик го правам ова, бидеќи не смееме ништо...

(Видео) “Сам на свој pизик го правам ова, бидеќи не смееме ништо да му даваме” – Мечката во битолската Зоолошка градина како да нема видено вода?

Видео кое според коментарите е од битолската Зоолошка градина, стана вирално на социјалните мрежи

Марио Конески на својот ФБ профил сподели видео како на свој ризик ја разладува мечката во битолската Зоолошка градина.

– За гревота се животните во золошката! Сам на свој ризик го правам ова бидеќи несмееме ништо да му даваме… – пишува во описот на видеото тој.

Видеото предизвика лавина реакции од граѓаните, кои во коментари ја повикуваат ЕАЗА (Европската асоцијација за зоолошки градини и аквариуми) да реагира и да изврши инспекција, со цел да се провери дали и како се грижат надлежните за животните во Зоолошката градина.

Мечката очигледно ужива во разладувањето и се доаѓа до впечаток како воопшто да не видела вода.