дома Занимливости (ВИДЕО) Свадбената носија од Мариово на видео панел на „Тајмс Сквер“

(ВИДЕО) Свадбената носија од Мариово на видео панел на „Тајмс Сквер“

На светско-познатиот Тајмс Сквер, во текот на денот, се прикажуваат две видеа со културна промоција на Македонија, соопшти Македонскиот совет на уметности со седиште во Њујорк.

Мариовска свадбена носија со слоганот “Maкедонија: Прекрасна, пријатна, фасцинантна! Истражи ја македонската културна уметност”, цел ден се прикажувала на видео панел на познатиот “Tajмс сквер” во Њујорк.