дома Свет (Видео) Се запали најголемата депонија на гуми за автомобили во светот

(Видео) Се запали најголемата депонија на гуми за автомобили во светот

Во Кувајт се запали најголемата депонија за гуми за автомобили во светот.

Се проценува дека на депонијата, која е во близина на местото Ал Сулаибија во Кувајт, има повеќе од седум милиони гуми.

Од пожарот се крена густ црн чад, а многумина се загрижени за загадувањето што ќе го предизвика, но и за климатските промени.

Во 2013 година, британскиот „Дејли Мејл“ објави извештај во кој се наведува дека секоја година во песочната почва на тој кувајтски град се копаат џиновски дупки и во нив се закопуваат стари гуми.

Видеото погледнете го ТУКА.