дома Актуелно (Видео) Се крои ли нешто? Вака носеа пратеници кога се гласаше за...

(Видео) Се крои ли нешто? Вака носеа пратеници кога се гласаше за промена на името

Уредникот на Инфомакс Александар Митовски со порпаротолот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски ги коментираа денешните настани во собранието, кога двајца пратеници, со скафандери и Брза помош медицинска придружба пристигнаа во собранието за да гласаат за законите на 32 седница. Со овие закони власта ја условуваше опозицијата и не дозволуваше да се стави на дневен ред 36 седница за петтиот пакет мерки, доколку опозицијата не гласа за законите од 32 седница.

„Што е целта на ова што се случи денес? Што е тоа толку важно што се донесе?“, прашува Стоилковски, потсетувајќи дека вакво спроведување на пратеници имаше кога беа потребни гласови за промената на името и пратеници се носеа од притвор директно во собрание.

„Госпоѓата беше спорведена со Брза помош!“ истакна тој.

Стоилковски коментираше дека ова можеби намерно е направено за власта да ја превземе Зоран Заев, односно за да мое владата место собранието да носи уредби со законска сила. Тој потсети дека уредбите донесени за време на вонредната состојба сѐ уште не поминале во собранието.

Видеот можете да го погледнете ТУКА