дома Свет (Видео) Силен зeмјотрес од 6,2 степени ја погоди Јaпонија, во тек се...

(Видео) Силен зeмјотрес од 6,2 степени ја погоди Јaпонија, во тек се проверки на нykлeapните центри

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала го потресе јапонскиот главен град Токио и околните области во четвртокот вечерта, но не беше издадено предупредување за цунами, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.
Земјотресот предизвика нишање на зградите, a локалните жители добија предупредување на телефоните со цел да им даде време да се засолнат.

Според првичните информации од ЈМА епицентарот на земјотресот бил во префектурата Чиба, источно од Токио, и велат дека се случил во 22:41 часот (1341 часот по Гринич) со длабочина од 80 километри. Засега нема извештаи за повредени или причинета материјална штета.

Во тек беа проверки и во регионалните нуклеарни централи, но нема извештаи за абнормалности