дома Свет (Видео) Разнесен дел од аеродромот во Аден

(Видео) Разнесен дел од аеродромот во Аден

На меѓународниот аеродром во Аден, во Јемен, за време на пристигнувањето на членовите на новата влада, се случи страотна експлозија. Се претпоставува дека во нападот се користени минофрлачи или дронови.

„Силна експлозија одекна во холот на аеродромот, во моментот кога авионот слета со министрите на новата влада“. Според првичните информации, пет лица загинаа, а 20 се повредени.

Членовите на владата кои пристигнаа од Саудиска Арабија не беа повредени, бидејќи во тоа време биле во авионот. Претходно, владата на Јемен положи заклетва во Ријад, каде што е претседателот на земјата, Абду Рабу Мансур Хади.

Аден е привремен главен град на Владата на Јемен, што е признаен од меѓународната заедница, по бунтот на Хутите во 2014 година. Вистинскиот главен град на републиката, Сана, е контролиран од шиитските бунтовници, Хутите, веќе шест години.

https://twitter.com/i/status/1344232071842164736
https://twitter.com/i/status/1344236612708945923