дома Занимливости (Видео) СЛАТКАР И ТАСКО СРУШИЈА РЕКОРДИ СО НОВИОТ ХИТ „МАРАДОНА„!

(Видео) СЛАТКАР И ТАСКО СРУШИЈА РЕКОРДИ СО НОВИОТ ХИТ „МАРАДОНА„!

„Марадона“ е насловот на новата песна на Слаткаристика, реализирана заедно со неговиот помлад колега Таско. Автор на музиката е Марко Маринковиќ , а стиховите заеднички ги потпишуваат со Христијан Тасковски – Таско, додека аранжманот, миксот и мастерингот се на веќе редовниот соработник Иван Јованов – Ивајо.

Кадрите за едноставното нискобуџетно видео, кое се стекнува впечаток дека е снимено колку да ја покрие песната се реализирани низ градските улици во центарот на македонската метропола како и на градскиот стадион во Скопје, кој од скоро го носи името „Тоше Проески“, а го реализирала екипа на „Год ај продакшн“ (God Eye Production).