дома Политика (Видео) Со економски мepки ќе го поттикнеме развојот на малите и средни...

(Видео) Со економски мepки ќе го поттикнеме развојот на малите и средни претпријатија со што ќе ја намалиме невработеноста

Носителот на листа во изборната единица 5 на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Дурловски на својата фејсбук страница сподели видео обраќање во кое кажува дека чаршијата во Битола денес повеќе наликува на културно-историско обележје отколку на економско јадро на Битола.

Во продолжение може да ја погледнете целосната објава и видео на Дурловски.

Битола ја има една од најубавите чаршии во Македонија. Некогашниот економски центар на градот, со повеќе од 2000 дуќани, денес повеќе наликува на културно-историско обележје отколку на економско јадро на Битола.

Времето и негрижата го направија своето. Ние ќе ги промениме работите. Со конкретни економски мерки ќе го поттикнеме развојот на малите и средни претпријатија со што ќе ја намалиме невработеноста и ќе го подигнеме животниот стандард на Битолчани.

#ОбноватаДоаѓа

Видео линкот може да го погледнете тука.