дома КОВИД-19 (Коронавирус) (Видео) Стефановиќ за РСЕ: “Aкo пpoдoлжимe дa ce oднecyвaмe вaкa, цpнo cцeнapиo...

(Видео) Стефановиќ за РСЕ: “Aкo пpoдoлжимe дa ce oднecyвaмe вaкa, цpнo cцeнapиo нeмa дa ни избeгa”

Ако продолжиме да се однесуваме вака, црно сценарио нема да ни избега, вели директорката на Клиниката за инфективни болести во Скопје, доктор Милена Стевановиќ, во неделното интервју за Радио Слободна Европа.

Докторката ваков одговор дава на прашањето, во кое сценарио би ја сместила Македонија од трите што ги предвидува Светска банка за земјава во зависност од употребата на мерките: првото дека ќе се заразат 25 проценти од населението, второто – 50 проценти или третото дека ќе се заразат дури 80 проценти.