дома Политика (Видео) СТОЈАНОСКИ: Власта три години не реализираше ниту еден проект во Дексион,...

(Видео) СТОЈАНОСКИ: Власта три години не реализираше ниту еден проект во Дексион, ВМРО – ДПМНЕ тоа ќе го промени

Денеска сме во населеното место Дексион. Тука најдобро може да се види и на централно и на локално ниво како СДСМ ја управува општина Ѓорче Петров. Ниту еден проект, многу лаги и ништо, ништо, ништо од најавената работа. Тука може да се види дека месната заедница која што е изгорена веќе неколку месеци не е санирана, игралиштето кое што го направи ВМРО – ДПМНЕ е затворено ама е полно со дупки, исечени се головите и кошовите и е тотално руинирано. Ветуваа дека ќе изградат нова амбуланта, потпишаа меморандум со Мила Царовска и Венко Филипче, а од тоа нема фрлено ниту една цигла.

Ги повикувам, проектот кој што беше изготвен во 2016-та година само да ги отворат сите постапки и да продолжат со градбата за да ја изградат таа амбуланта која што по обновата на Македонија ВМРО – ДПМНЕ сигурно ќе ја изгради за граѓаните од овој дел од општината Ѓорче Петров.

Ние ќе се грижиме подеднакво за сите, ние нема да ветуваме лажни капитални проекти како клинички центар во Ѓорче Петров, како амбуланта, како градинки, да потпишуваме лажни меморандуми со најнеработливите министри од владата, туку ќе ги засукаме ракавите и со многу напорна и упорна работа ќе успееме да го направиме Ѓорче Петров поубаво место за живеење за сите граѓани.