дома Свет (Видео) Стpaшни пoплaви вo Кина: Peчиcи 20 илjaди кyќи ce цeлocнo yништeни,...

(Видео) Стpaшни пoплaви вo Кина: Peчиcи 20 илjaди кyќи ce цeлocнo yништeни, oкoлy 120 илjaди лицa ce eвaкyиpaни

Околу 120 илјади лица се евакуирани од кинеската провинција Шанси поради поплавите што го зафатија регионот, пренесува кинеската државна телевизија.

Според информациите, во големите поплави досега околу десетина лица го загубија животот, а тројца се водат за исчезнати.

Повеќе од 1,7 милиони луѓе се погодени од невремето, а речиси 20 000 куќи се целосно уништени.

Причинетата штета од поплавите се проценува на пет милијарди јуани (околу 775 милиони долари).