дома Свет (Видео) Талибaнците успеаја да стaртуваат автoмобил со пoмoш на калaшникoв

(Видео) Талибaнците успеаја да стaртуваат автoмобил со пoмoш на калaшникoв

И додека, од една страна, сме сведоци на бројни жртви во Авганистан, на социјалните мрежи се шири се повеќе материјал поврзан со Талибанците и нивната адаптација кон современиот свет.

Така светот е преплавен со снимки поврзани со некои нови талибански трендови, а сега добиваме видео кое ја потврдува нивната снаодливост. Имено, во ова видео можеме да видиме како Талибанците успеаја да стартуваат автомобил со испразнета батерија.

Тие го направија класичниот старт со кабли но со помош на ресурсите што ги имаат, а тоа се автоматски пушки АК-47, попознати како Калашникови.

Потребни им се само неколку калашникови и неколку парчиња жица. Да не зборуваме дека станува збор за камиони „Тојота хилукс“, нераскинливи работни возила со глобално присуство.

Погледнете го видеото подолу кое докажува дека „операцијата за заживување“ на автомобилот била успешна.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.