дома Занимливости (Видео) ТИТОВИОТ БУНКЕР ВО СКОПЈЕ: Сокриен зад дрвена колиба, крие вистинско историско...

(Видео) ТИТОВИОТ БУНКЕР ВО СКОПЈЕ: Сокриен зад дрвена колиба, крие вистинско историско богатство

Деца, авантурсити од Скопје, длабоко во планината пронајдоа бункер од времето на Југославија, кој најверојатно потекнува од 1954 година.

За да се стигне до бункерот нема пат, треба да одите по мала козја патека која ќе ве одведе до дрвена колиба, која го крие вистинското историско богатство.

Гледајќи го видеото ќе ве опфати стpав, а овие деца одлучија сами да влезат во бункерот и добро да го истражат.

Собите во бункерот се речиси целосно зачувани, што говори за начинот на кој е изграден. Инсталациите за свеж воздух и телефонските линии се сеуште тука, но она што ги разочара посетителите е тоа што нема предмети, па не можеме точно да знаеме како изгледал бункерот во моментот кога бил комплетно направен.

Погледнете: