дома Балкан (Видео) Турција на нозе: Спречен атентат врз турскиот претседател Ердоган

(Видео) Турција на нозе: Спречен атентат врз турскиот претседател Ердоган

Турските разузнавачки служби вчера спречиле обид за напад врз претседателот Реџеп Таип Ердоган, јавија некои турски медиуми.

Според извештаите, експлозивна направа е пронајдена под полициско возило кое обезбедувало митинг за поддршка на Ердоган во југоисточниот град Сирт.

Бомбата, која била пронајдена само неколку минути пред почетокот на митингот, брзо била деактивирана.

Во тек е истрага за инцидентот.