February 26, 2024, 7:43 pm

(Видео) Тapaвapи: ДУИ, БЕСА и ДПА ce пpeтoпиja вo СДСМ, oвиe пapтии Заев ги cмeтa зa cвoи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ДУИ, Беса и ДПА, Заев ги смета за дел од СДСМ, вели Арбен Таравари од коалицијата Алијанса/Алтернатива. Ова следи по вчерашната изјава на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за ТВ21,  во која вели дека во неговата партија многумина мислат дека во вториот круг на локалните избори во Тетово, СДСМ ќе биде во трка со АА.

„Конкретно во Тетово, г. Заев, Беса, ДПА и ДУИ ги смета дека се на СДСМ. Практично и на изборите во 2017 г. Заев силно ја поддржа ДУИ како да е нивен кандидат, практично тие немаат нивен кандидат во Чаир, Гостивар и Тетово, но го поддржаа кандидатот на ДУИ. Заев мисли дека во вториот круг ќе оди Алијанса и СДСМ, но кога вели “СДСМ“ смета дека во СДСМ спаѓаат ДУИ, Беса и ДПА кои ги смета за свои“, истакна Арбен Таравари.

Лидерот на социјалдемократите, Зоран Заев, вчера на прашањето од ТВ21, кого би поддржале во Тетово доколку во втората рунда поминат и ДУИ и Беса, рече дека одговорот на ова прашање може да предизвика проблеми во коалицијата.

„Се уште е рано за одговор во врска со такви претпоставки. Мојот одговор на ова прашање може да предизвика проблем во нашата коалиција. Кај нас мнозинството смета дека СДСМ ќе влезе во втор круг со кандидат на Алијанса. Се уште е рано за да се зборува теоретски“, посочи Зоран Заев.

СДСМ се уште нема објавено можен кандидат за Тетово. ДУИ размислува да ја кандидира повторно Теута Арифи, Беса со претседателот Биљал Касами, ДПА со Сади Беџети. Коалицијата Алијанса/Алтернатива се уште не открива со кого ќе настапи. Во медиумите се спомнува името на лекарот Илир Демири. ТВ21 во текот на денот се обиде да добие одговор од Демири во врска со можната кандидатура, но тој не сакаше да коментира. Таравари вели дека во игра се неколку имиња, но дека се уште не донеле конечна одлука.

„Се уште немаме дефинирано ниедно име, кога ќе имаме ќе го објавиме. Има неколку имиња во партијата АА и Алтернатива, но немаме конечен кандидат“, додава Арбен Таравари.

На последните локални избори во 2017, СДСМ во вториот круг ја поддржа ДУИ, односно помогна Теута Арифи да стане градоначалник на Тетово. За разлика од тогаш, сега освен ДУИ и ДПА, социјалдемократите во владината коалиција ја имаат и Движење Беса.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This