дома Спорт Хамилтон победник во Кина на јубилејната 1000. трка во Ф1

Хамилтон победник во Кина на јубилејната 1000. трка во Ф1

Светскиот првак Луис Хамилтон од Мерцедес победи на јубилејната 1000. трка во Формула 1 која се возеше за ГН на Кина.

За Хамилтон ова беше 75 победа во кариерата, втора едно по друго бидејќи победи и за ГН на Бахреин.

Победничкото време на Хамилтон, 1:32.06 , клупскиот колега Ботас беше втор, Фетел од Ферари заврши како трет што е прв подиум за него сезонава.

Во генералниот поредок води Хамилтон со 68 бода, Ботас има 62, Верстапен на третото место има 39 бода.