дома Социјални Мрежи (Видео) Хуманитарна акција на ВМРО-ДПМНЕ: Помош за социјално ранливите категории на граѓани...

(Видео) Хуманитарна акција на ВМРО-ДПМНЕ: Помош за социјално ранливите категории на граѓани во Бутел

Стотина социјално ранливи семејства во Општина Бутел денеска ќе добијат социјална помош со која подостоинствено ќе ги пречекаат претстојните празници, но и зимскиот период кој оваа година е дополнително потежок заради пандемијата и кризата во која се наоѓа Македонија, истакна Дарко Костовски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ ОК Бутел преку јавен повик успеа да собере сериозна количина на храна, средства за хигиена и др. Во оваа прилика би сакал да се заблагорам на сите добронамерни луѓе кои учествуваа во оваа активност, благодарност до советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Бутел, особена благодарност до неколку успешни стопанственици од нашата Општина кои сериозно допринесоа оваа активност да биде сериозна со изготвување на стотина социјални пакети секој со вредност од 2500-3000 денари.

За оваа акција одлучивме ниту едно семејство да не биде фотографирано за да не биде изложено во јавноста, оваа пресконференција е направена со цел да потикнеме што повеќе луге да направат нешто слично за колку толку да олесниме на социјално загрозените семејства.

Хуманоста е наша должност, ќе се трудиме да бидеме таму каде што е најпотребно“ – рече тој.