дома Свет (ВИДЕО) ХAOC ВО САД: Нова жpтвa за време на нacилнитe пpoтecти во...

(ВИДЕО) ХAOC ВО САД: Нова жpтвa за време на нacилнитe пpoтecти во Минеаполис

За време на насилните протести поради смртта на Афроамериканец во Минеаполис, се случи уште еден инцидент кога крадецот, наводно, бил убиен од сопственикот на продавница.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како полицаец реанимира еден човек кој лежи на земја пред продавницата, додека околу него има толпа луѓе и полиција.

Според описот на видеото, човекот, кој наводно бил крадец, бил убиен од сопственикот на заложувалница за време на протестот во Минеаполис.

https://twitter.com/Rntk____/status/1265896049945665536

Мажот потоа бил однесен во болница, каде што бил прогласен за мртов.

Засега е непознато како се случил инцидентот.

Џон Елдер од полицијата во Минеаполис изјави дека тие испитуваат дали сопственикот на продавницата ја убил жртвата додека крадела, пренесува „Мирор“.

„Жртвата е пронајдена надвор, за сега има неколку приказни за тоа што навистина се случило. Во тек е истрага“, рече тој на прес-конференција.