дома Занимливости (Видео) ЧОВЕЧКИОТ “КЕН” ГО OTСТРАНИ “АДAMOВОТО ЈАБОЛКО”: Неговата нова цел е да...

(Видео) ЧОВЕЧКИОТ “КЕН” ГО OTСТРАНИ “АДAMOВОТО ЈАБОЛКО”: Неговата нова цел е да личи на куклата Барби

Бразилецот  Родриго Алвес (36), кој стана познат како човечкиот Кен, продолжува со пластичните опеpaции.

Неговата нова цел е да личи на куклата Барби затоа што, како што вели, неговиот ум секогаш бил женски. Последната во серијата операции на лицето е за да се направи помало.

 

 

На својот Инстаграм профил, тој сподели фотографии на кои се гледа како изгледа по операцијата.

“Не можам да зборувам многу добро во моментов затоа што го отстранив адaмовото jaболко, па имам болки во грлото. Очите ми се модри и отечени. Не можам да видам ништо. Не можам да го видам моето ново лице. Ако сакам да видам ништо, морам да го подигнам телефонот за да прочитам нешто”. рече Родриго.

“Се надевам дека не сум во право. Моето лице ќе се смени, ќе биде помало. Ќе го имам дијамантското лице што отсекогаш сум го сакал”, додаде тој.

Досега тој потрошил околу 30 илјади евра за да се трансформира во жена. Сепак, го чека уште една голема операција – тој сака да го смени и полот.

Ако не престане да се облекува како жена, тој веќе не постои за мене“, вели таткото на Родриго, кој е сопственик на трговски ланец во Бразил.