дома Хроника (Видео) 93 ГОДИШЕН МАЖ ПУKAЛ ВО УПРАВИТЕЛОТ НА ЗГРАДАТА: Поплавата во неговиот...

(Видео) 93 ГОДИШЕН МАЖ ПУKAЛ ВО УПРАВИТЕЛОТ НА ЗГРАДАТА: Поплавата во неговиот дом е причината за обидот за yбиство

Полицаец во Лас Вегас пукал во 93 годишниот маж кој заради поплава во станот пукал од огнено оружје врз управителот на зградата задолжен за одржување.

На видео снимките од надзорните камери поставени во зградата се гледа како на 2 јануари Роберт Томас, облечен во црн капут и со црн шешир, влегува во канцеларијата и со пиштол му се заканува на човекот кој седи на столот. Потоа пука кон мажот, кој паѓа на под а потоа му се приближува и испукува уште еден куршум.

 

 

 

 

Неколку секунди откако Томас испукал два куршума, полицаецот Роналд Хорниак пристигнал на местото на настанот и му наредил на Томас да го фрли пиштолот, по што според него иcпукал еден куpшум.

Роберт Томас е пренесен во болница и брзо после тоа е пуштен. Обвинет за обид за убиство и носење скриено оружје. Кога на 3 јануари се појавил на суд, 93 годишникот рекол дека не сакал да го повреди мажот во кого пукал, туку дека сакам „да се нашали малку“.

Полицијата покренала и интерна истрага околу оправданоста на употреба на сила од страна на полицаецот Роналд Хорниак.