дома Актуелно (Видео) Aдeми одгoвори на прашањето што ги мaчи сите – Што ако...

(Видео) Aдeми одгoвори на прашањето што ги мaчи сите – Што ако на училиште дете се зapaзи од Koвид 19?

Министерот за образование на денешната прес-конференција говореше за опциите кои ги разгледува министерството кога станува збор за почеток на новата учебна година и протоколите мерките кои ќе бидат спроведувани. Тој во фокусот го стави моделот според кој што ќе се одвива наставата, поточно дали учениците ќе ги следат часовите онлајн, комбинирано или со физичко присуство на наставата.

Адеми истакна во повеќе наврати дека и покрај сите ризици и предизвици тој и министерството претпочитуваат учениците физички да бидат присутни на часовите и да ја следат наставата, а истото го образложи со повеќе причини пред се поради квалтитетот на образовниот процес, но и психичкото здравје на децата.

Министерот запрашан од Инфомакс одговори и на прашањето што ги мачи сите, а на кое не даде одговор за време на својата прес-конференција, што би се случувало во училиштата доколку се појави дете заболено од Ковид 19. Погледнете го неговиот одговор.