дома Занимливости (Видео) C. КНЕЖИНО И КНЕЖИНСКИ МАНАСТИР: Македонски бисер во недопpeни природна убавини!

(Видео) C. КНЕЖИНО И КНЕЖИНСКИ МАНАСТИР: Македонски бисер во недопpeни природна убавини!

Селото се наоѓа во областа Копачка, во западниот дел на територијата на Општина Кичево, сместено во непосредна близина на градот Кичево, поради што се смета и за дел од неговата рypбална зона. Селото е планинско, на надморска височина од 1.000 метри. Од самиот град Кичево е оддалечено неполни пет километри.

Селото се наоѓа на ридско земјиште, местото е познато по карактеристичната природна убавина и ладовина, западно од градот Кичево. Околни села се: на југ е Другово, на север се Осој и Лешница, на запад се Јаворец и Горно Добреноец и на исток е градот Кичево.

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Ќерамидница, Мала Ливада, Јаорче, Рупчиња, Средни Рид, Маркулези, Аранѓел, Дрмници, Кутел, Батаноец и други.

Селото е од збиен тип. Не се дели на маала, бидејќи е мало село. Сепак, роднинските куќи се групирани.

Селото Кнежино се наоѓа во областа Горна Копачка, на 4 километри северозападно од Кичево.

Нашиот тим во соработка со одборот на селото изработивме видео разгледница од воздух, едноставно безвpeменски, видено се на едно место!

Село Кнежино и Кнежински манастир Св.Ѓорѓија – 08.06.2019 година.