дома Македонија (Видео) Ce ceќава ли Гpyби на нacтаните на Kaлето?

(Видео) Ce ceќава ли Гpyби на нacтаните на Kaлето?

Вицепремиерот во Владата Артан Груби, кој сака да си се нарекува прв, е револтиран од однесувањето на навивачите на Вардар на натреварот со Шкупи. Но, Груби сега од удобната фотелја во Владата не се сеќава или не сака да се сети на своето однесување на познатите настани на Кале во 2011 година.

Груби тогаш ги предводеше инцидентите против изградбата на црква-музеј на тврдината. Толпата, во која беше и Груби, маваше со камења кон новинарите кои беа качени горе на тврдината.

Не многу одамна беше и дивеењето на навивачите на Шкупи наречени „Шверцери“, чијшто неофицијален водач е токму Груби. Шверцерите го демолираа театарот, а тоа помина без осуда од премиерот Зоран Заев.