October 6, 2022, 8:58 pm

(Видео) Ekcплoзиja вo фaбpикa зa myнициja вo Чaчaк: Eвaкyиpaни paбoтници и гpaѓaни – oд дeтoнaциитe гpaдoт ce тpeceл cкopo 2 чaca

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Чачак (Србија) ноќеска околу еден часот се случила експлозија во компанијата А.Д. „Слобода“ во делот каде се произведува муниција. Од силните детонации градот се „тресел’“ скоро два часа.

Видео линк може да погледнете ТУКА.

Засега нема информации за човечки жртви и материјална штета, а според неофицијални податоци експлодирал магацин за топовски гранати.

Според очевидци и локалното население кое живее недалеку од фабриката, пожарот започнал да се шири со молскавична брзина, па екипите на пожар и спасување не можеле веднаш да стигнат до местото на несреќата.

Градоначалникот на Чачак, Милан Тодоровиќ, за РТС изјави дека нема жртви и повредени. Тој вели дека околу 60 работници работеле во третата смена и дека сите биле веднаш евакуирани, а околу 2,30 часот биле евакуирани четворица работници кои од експлозиите се засолниле во подрум од фабриката.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This