(Видео) Heвepojaтнo: Eвe кaкo фyнкциoниpa мeхaнизмoт нa „Kaлaшникoв“ бeз кaпaкoт нa caндaкoт нa пyшkaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На интернет-ресурсите се појави интересно видео од кое се гледа рафално дејство на автоматска пушка „Калашников“ која не беше во целост склопена, поточно го немаше капакот што оди преку сандакот во кој се наоѓаат повратната пружина и носачот на затворачот со клипот.

На видеоматеријалот се гледа модифицирана автоматска пушка која дејствува без капакот кој оди преку сандакот на оружјето во кој се наоѓаат повратната пружина и затворачот.

Овој капак е составен дел на автоматските пушки кои се произведени врз основа на конструкцијата на познатиот советски/руски производител на стрелечко оружје и претставува еден од првите елементи при расклопувањето на оружјето (по вадењето на рамката од пушката и проверката дали во цевката има куршум).  

Како што гледаме, пушката е модифицирана, поточно на неа се наоѓаат Пикатини-шини за закачување различни тактички додатоци како што се рефлексни и оптички нишани, тактички ламби, ласерски обележувачи на целта, предни ракофати и сл. Оружјето на себе има и придушувач.

Видео линкот може да го погледнете ТУКА.

Извор: mk.rbth.com

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This