дома Актуелно (Видео) Heделковски: Cвeтот се движи кон нова cвeтcкa вojна

(Видео) Heделковски: Cвeтот се движи кон нова cвeтcкa вojна

Според новинарот Миленко Неделковски светот се движи кон еден голем конфликт на рамниште на светска војна.

Причината за ова потенцира тој се големите проблеми во Америка и нивната неможност освен со војна како држава како систем да напредуваат.

-Не светот се движи кон војна. Тоа сите се обидуваат многу меко да го кажат, јас го кажувам директно, тоа е болно, морбидно, лошо, но е вистина. Затоа што Америка како систем сегашен кој не е нивниот Уставен систем, нивниот уставен систем е уништен, судови, слободата на судовите, моќта на уставниот суд, постои само народ и администрација. Тие немаат друг излез за раст сем да војуваат. За разлика од пред 30 години сега има нации на свет кои се поспремни од нив да војуваат и со луѓе и со оружје, и морско и авио и свемирско. Светот оди кон една глобална војна, што е лош абер за мене и за тебе затоа што нас први ќе не стрелаат бидејќи сме етикетирани како проруски иако не сме, но етикетата е таа, нас први ќе не исчистат. Добрата вест е што светот пак ќе се ресетира како 1918, 1944, вели Неделковски.