дома Актуелно (Видео) Kapиера од национални пpeдавства: Македонија ќе ја бpaни човекот кој пушти...

(Видео) Kapиера од национални пpeдавства: Македонија ќе ја бpaни човекот кој пушти невoopyжани хеликоптер во Радуша?

На 12.08.2020, Македонија одбележа 19 години од една најжестоките битки за време на конфликтот во скопските села Радуша и Љуботен.

Битката кај Радуша е серија од вооружени судири помеѓу македонксите безбедносни сили (АРМ и МВР) и албанските терористи на ОНА во областа околу селото Радуша, во близина на границата со Косово. Првите судири се појавуваат кон крајот на месец јуни, а главната битка започнува во средината на август, 2001. Битката кај Радуша важи за најжестоката битка во целата војна 2001 година. Нападот е извршен од страна на припадници на Косовскиот заштитен корпус, кој во текот на ноќта, од правецот на Кривеник на косовска територија, се префрлија во Радуша, во содејство со локалните терористи и вооружениот народ.

Според информациите од Управата за безбедност и разузнавање, планот за агресија од Косово врз секторот Радуша не се ограничувал само на тие дејствија, туку со ангажман на поголеми формации на КЗК било планирано да се заземе изворот Рашче и да се предизвика хуманитарна криза во главниот град на Република Македонија.

Во тој период на власт во Македонија е Владата за национален спас во која министер за одбрана е Владо Бучковски кој во овие моменти се актуелизира како преговарач со Бугарија овластен од Владата на Зоран Заев.

Според кажувањата на поранешниот шеф на обезбедување на покојниот претседател, Борис Трјаковски, Златко Кецковски за време на министерувањето на Бучковски е направено едно од најголемите предавства на македонската армија од страна на министерот. За време на жестоките судири кај Радуша на македонската армија наместо воздушна поддршка и се испратени хеликоптери без вооружување со што се ставаат во опасност животите на 100-тина припадници на македонските безбедносни сили.

-Бучковски беше министер за одбрана и во еден момент хеликоптерите полетаа од аеродром и стигнаа до Радуша, не дејствуваа затоа што ненаоружани беа. И не дејствуваа. Во истиот момент имате ситуација каде што нашите сили очекуваат воздушна поддршка бидејќи 1/10 е соодносот на терен. Тоа е една група на луѓе кои што херојски ја завршија работата на Радуша. Тие сите до еден треба херои да ги прогласат. Хеликоптерите летаат невооружени. Во наредбата дадена од министерот за одбрана наредено е да полетаат невооружани, таква информација имавме ние. Дадена е наредба, но да не дејстуваат и затоа се невооружани. И терористите не дејствуваат врз нив.

Како што се гледа на видеото подоле македонски хеликоптери не дејствуваат на терористите, бидејќи како што тврди Кецковски истите биле невооружани.

На видеото подоле кое е дел од архивата на Македонската телевизија се гледа авионите делуваат за разлика од хеликоптерите кое што е уште една потврда за она што го вели Златко Кецковски.

За национално предавство Бучковски го обвинува и Јанко Бачев, актуелниот претседател на Единствена Македонија и поранешен припадник на Управата за безбедност и контраразузнавање.

Баџев во весникот „Шпиц“ пишува „За Карпалак е виновен Бучковски. Според неговите пишува Службата за државна безбедност  знаела кај месноста нарекувана „Карпалак“ е сконцентриран поголем број терористи и оти се спрема заседа за припадниците на македонските безбедносни служби

Масакрот кај Карпалак е најброен масакр врз војници во воениот конфликт во 2001 година. На 8 август 2001 година 10 резервисти беа убиени, а тројца ранети кога конвој од хермелин, два автобуса, камион и комбе од Прилепската касарна одел кон Тетово. Кај месноста Карпалак конвојот бил начекан во терористичка заседа во 9:30 часот и врз него бил отворен жесток оган од тешки митралези и рачни ракетни фрлачи. Едно транспортно возило било погодено со ракетен фрлач, при што загинале осум војници и двајца офицери, сите од резервниот состав. Со ракетен фрлач бил погоден и еден од автобусите. Борбите за извлекување на преживеаните 108 луѓе траеле повеќе часови.

Вчера Инфомакс со јавноста ги сподели скандалозните ставови на Бучковски изнесени за една бугарска телевизија.

Екс премиерот на Македонија и официјален преговарач со Бугарија назначен од Владата на Зоран Заев продолжува да ги шири скандалозните тези на премиерот во Бугарските медиуми. Владо Бучковски во интервју за бугарска телевизија вели дека Македонците постојат од 44-та, а Бугарите дека се постар народ и нација од Македонците. Според него Македонците и Бугарите говорат ист јазик.

– Според мое мислење ако се тргне од Договорот со Бугарија, официјално ние прифаќаме дека сме имале заедничка историја. И тоа е непобитен факт, но тврдењето дека ние всушност сме еден народ во две држави во овој момент во Република Македонија ако се тера таа теза ќе направи повеќе штета отколку корист. Јас сум приврзаник на оние кои што не се мнозинството. Од 1944-та до 91-ва силната пропаганда која беше на дело ги оддалечи природните сојузници, Македонците и Бугарите. Неспорно е дека имаме заедничка историја, неспорно е дека бугарската нација, бугарскиот народ е создаден пред македонскиот. Неспорно е дека тоа е официјален став и на Бугарија, дека нема проблем со создавањето на македонската нација од 1944-та година, историчарите да излезат од рамките на она што беше историографија во времето на комунизмот.

Бучковски беше обвинет и осуден на 2 години затвор за воено профитерство, односно дека набавил непотребно големи количини резервни делови за тенковите Т-55 во текот на 2001 година со што ја оштетил државата за 2,5 милиони евра. Сепак Бучковски не помина ниту ден во затвор.

На поранешниот премиер Владо Бучковски минатата година му застаре делото во предметот „Тенковски делови“, кој почна во 2007 година и во тек беше третото судење за случајот.

И сега очекувате од човек кој бил воен профитер за време на конфликтот во 2001, ја оставил македонската армија без воздушна поддршка да преговара во интерес на македонските национални интереси во 2020 година? Мало сутра!