Над Пехчево во моментов, споделувајте, помагајте, Умлена, Робово, Св.Петка, се е критично.
Огнените јазици кои беснеат во Пехчевско се на праг да го проголтаат селото Умлена. Селаните од ова пехчевско село молат за помош и споделуваат снимки од ужасот.
Цела ноќ гори пожар на потегот помеѓу македонските градови Делчево и Пехчево.
И општина Берово упатува апел за масовно вклучување на населението во гаснење на пожарот.
Ситуацијата со пожарот, кој избувна во атарот на општина Пехчево е исклучително сериозна и полека но сигурно се префрла и на територијата на општина Берово, кон најблиските села .
Пожарот е високо на шумските предели на селата, но се шири на голема површина. На терен се ТППЕ од Берово и Пехчево како и Шумското стопанство, Центарот за управување со кризи и ДЗС.
Се апелира до месното население, кон масовно вклучување во гаснењето на пожарот, како би се намалиле последиците и штетите би биле помали.
Ви благодариме доколку доброволно се вклучите во гаснење на пожарот!