дома Балкан (Видео) „Loco Loco“: Слушнете ја песната со која Србија ќе настапи на...

(Видео) „Loco Loco“: Слушнете ја песната со која Србија ќе настапи на Евровизија

Групата „Hurricane“ годинава ќе ја претставува Србија на „Евровизија“. Трите членки во Ротердам ќе се претстават со „Loco Loco“, а песната предмалку беше промовирана. Таа е дело на Немања Антониќ, текстот го напиша Сања Вучиќ, една од девојките од групата, а покрај Антониќ на аранжманот работеше и нашиот композитор Дарко Димитров.