дома Европа (Видео) Maкрон изгyби облог, па мораше да направи xeви метал забава

(Видео) Maкрон изгyби облог, па мораше да направи xeви метал забава

Милиони луѓе денес гледаа приватна хеви метал свирка на францускиот претседател Емануел Макрон во градината на Елисејската палата во Париз, во друштво на двајца комичари, откако изгуби облог.

Макрон вети во февруари дека ќе биде домаќин на Мекфлај и Карлит, двајца француски јутубери со 6,5 милиони следбеници, во Елисејската палата, ако двајцата успеат да соберат повеќе од десет милиони прегледи на видео запис за одржување на растојание за време на пандемијата на ковид-19, пренесе Ројтерс.