дома Entertainment (Видео) Mpдната paбота: Маж во Чешка нaпaднaт пред детето од полициjaта –...

(Видео) Mpдната paбота: Маж во Чешка нaпaднaт пред детето од полициjaта – не носел мacка

Полицијата во чешкиот град Ухерско Храдиште соборила маж на земја пред мало дете поради тоа што, како што јавуваат чешките медиуми, не носел заштитна маска.

Инцидентот се случил во средата. Човекот се шетал со детето кога полицајците го сопреле поради непочитување на мерките и решиле да го приведат.

Во следниот момент тие го турнале мажот на земја и легнале преку него, додека детето неутешно плачело обидувајќи се да го одбрани таткото.

Детето го земала работничка на близок локал обидувајќи се да го смири, а полицајците го малтретирале мажот додека минувачите гледале.

Полицијата потврди дека инцидентот се случил и соопшти дека двајцата полицајци се суспендирани.