дома Свет (Видео) Pakeта го погоди израелскиот нафтовод

(Видео) Pakeта го погоди израелскиот нафтовод

Ракета лансирана од Појасот Газа денес погоди нафтовод во сопственост на израелска државна компанија, потврди израелски енергетски службеник за новинар на Ројтерс.

Видеорепортажа на Канал 12 на израелската „Кешет медиа група“ покажува како пламен избувнува од резервоар за нафта во близина на медитеранскиот град Ашкелон, јужно од Тел Авив.

Тензиите меѓу Израел и Хамас, кои започнаа да се разгоруваат вчера, прераснаа во вооружени воздушни напади. Израел наводно погодил цивилна зграда од тринаесет ката во Газа, па затоа Хамас возвратил со истрелување над 130 ракети на Тел Авив, насочувајќи се кон цивилни објекти, училишта, болници и градски автобуси, на што Израел возврати со оган.

Премиерот на Израел, Бенџамин Нетанјаху се обрати пред граѓаните и упати порака дека Хамас ќе плати висока цена.