(Видео) Peaлизиpaно пpeдизбopно вeтyвaње нa Јакимовски yште пpeд дa стaнe гpaдоначалник на Карпош

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кандидатот на ГРОМ за градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска објави дека веќе е реализирано едно од неговите предизборни ветувања, а се уште не е официјално избран за градоначалник на општината.

Јакимовски се заблагодари на одлуката на градските власти да воведат автобуски превоз од Трнодол и Жданец до Сити Мол, проект што беше најавен од кандидатот на ГРОМ уште пред две недели.

– Ја поздравувам одлуката на градските власти да воведат автобуски превоз од Трнодол и Жданец до Сити Мол. Имајќи предвид дека тоа е мое изборно ветување од пред повеќе од десет дена. Посебно сум среќен што практично веќе едно ветување кое сум го дал на граѓаните на општина Карпош веќе е исполнето, а се уште не сум градоначалник на општина Карпош. Во исто време сакам да ги потсетам дека го заборавија Средно Нерези. Во мојот предлог покрај Трнодол и Жданец предлагам и Средно Нерези да биде вклучено во градскиот превоз до Сити Мол, рече Јакимовски.

Latest News

Boosting Your Deposit Limits on Go88 A Comprehensive Guide

If you're an avid online gambler, you've probably come across the popular online casino platform Go88. It offers a...

More Articles Like This