дома Европско првенство (Видео) Xaoc во Лондон пред почетокот на големото финале на Европското првенство...

(Видео) Xaoc во Лондон пред почетокот на големото финале на Европското првенство во фудбал

Илјадници искршени шишиња по земјата, уште толку пијани навивачи во Лондон на неколку часа пред големото финале на Европското првенство во фудбал, кога Англија ќе се соочи со Италија.

Навивачите кои пристигнаа од Италија засега се изолирани и ќе пристигнат директно на стадионот за да биде спречен конфликт меѓу двете групи, но тоа не им пречеше на Англичаните да се истепаат меѓусебно.

Хаосот владееше на неколку плоштади низ градот, а најжестоко беше на Лејчестер каде летаа шишиња со пиво. Оние кои преживеаја конечно одат да го фатат своето место на трибините.