дома Македонија (Видео)1.600 ЕВРА КАЗНА ЗА „АЛАХУ АКБАР“ ВО УЧИЛИШТЕ ВО РАДОВИШ: Казна од...

(Видео)1.600 ЕВРА КАЗНА ЗА „АЛАХУ АКБАР“ ВО УЧИЛИШТЕ ВО РАДОВИШ: Казна од 1600 евра за училиштето што организираше Ифтар

Казни за директорката и училиштето во Радовиш во коешто се организираше ифтарска вечера за деца и возрасни. Државниот просветен инспекторат потврди дека ќе се изречат казни за училиштето и директорката коишто дозволила организирање на верски обред во објектот на училиштето.

По увидот којшто го изврши просветниот инспекторат утврдени се парични казни во висина од 1600 евра а директорката со 1120 евра.

Инспекција на Државниот просветен инспекторат влезе во училиштето да го испита нарушувањето на начелото на секуларност во училиштата. Инспекторатот најави и дека ќе биде поднесено барање до Општина Радовиш за разрешување на директорката Стојанова, затоа што спротивно на законот дозволила верско организирање во училиште.

Скандалот го откри „Инфомакс“ минатата недела.