дома Спорт (Видео)XEPOJOT НА HATПРЕВАРОТ: Дејан Милосављев, новиот „министер за oдбpaнa“ на Вардар

(Видео)XEPOJOT НА HATПРЕВАРОТ: Дејан Милосављев, новиот „министер за oдбpaнa“ на Вардар

Македонскиот ракометен првак Вардар направи чудо на Ф4 и се врати од бездната, за голем триумф над Барселона и пласман во големото финале на ЛШ, а еден од јунаците на мечот беше Дејан Милосављев.

Српскиот чувар на мрежата дојде како дебитант на Ф4, а на првиот настап, против екипата која игра во најдобра форма во Европа, забележа вртоглави 18 одбрани. Избраниците на Чави Пасквал беа фрустрирани од голманот кој дојде како замена за Арпад Штербик, затоа што беше неверојатен.

Вардар од наредната сезона ќе мора да бара нов голман, затоа што Милосављев веќе договори нов трансфер и заминува во германскиот бундеслигаш Фуксе Берлин.

Најефикасeн поединци кај македонскиот шампион беше Кристипанс со девет голови, но блескаше и Милосављев на голот, додека во таборот на Барселона одличен натпревар одигра Гомес со девет погодоци. Големото финале се игра утре попладне од 18:00 часот со екипата на Веспрем.