дома Свет (Видeo) Шokантно известување во живо: Новинар на Би-Би-Си известуваше кога зад него...

(Видeo) Шokантно известување во живо: Новинар на Би-Би-Си известуваше кога зад него згpaда беше ypната од пpoектил

За време на директен пренос на Би-би-си за ситуацијата во Газа, зад новинарот се сруши зграда погодена со проектил.

Арапскиот новинар на Би-би-си Аднан Елбурш и неговиот тим продолжија со емитувањето, иако не знаеја што ги чека подоцна и иако животот им беше во опасност. Прилогот беше емитуван во средата, за време на ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и палестинските милитанти.

Во еден момент се слуша како водителот му вели на новинарот да го напушти местото ако му е во опасност животот.

„Аднане, дали си добро? Те молам, прекини го емитувањето ако си во опасност. Гледам дека гаѓаат објекти веднаш наспроти тебе“, вели водителот на емисијата. Неколку секунди подоцна проектил ја погодува зградата, која целосно се урива.