дома Актуелно (Видep) Панoвcки: Eвидентиpaњето на пoчинaти во cooбраќајка како пoчинaти од Koвид e...

(Видep) Панoвcки: Eвидентиpaњето на пoчинaти во cooбраќајка како пoчинaти од Koвид e нe eтички и нe нayчно

Професорот по микробиологија Никола Пановски во своето гостување во емисијата „Тешки муабети“ на Инфомакс говореше за смртноста од Ковид 19 имајќи ги во предвиди различните бројки и научни ставови за тоа колкав број од заразените ја губат битката со вирусот. Тој посочи дека најголемите песимисти во наукат асметаат дека смртноста од вирусот е околу 3 проценти иако досегашната статстика на „Ворлдометарс“ укажува на бројка од околу 4 проценти. Тој говореше и за оптимистичката прогноза од околу 0.14 проценти со што Ковид 19 би бил само два патип посмртносен од обичниот сезонски грип. Професорот Пановски даде и своја едуцирана претпоставка со која според него смртноста од коронавирусот ќе се движи околу 1 процент.

Пановски говореше и за евидентирањето на смртни случаи во Македонија кое според него е целосно не е етички и не научно, спротивно на сите научни принципи. Неговиот став е дека не смее во никој случај да се евидентираат луѓе кои починале од насилна смрт како починати од Ковид 19.

-Не може да има научно објаснување за апсолутно ненаучен став. Прво тоа не е етички. Замислете сега некој да загине во сообраќајка а бил ХИВ позитивен, здрав ама има ХИВ. Треба да кажеме од што загина човекот од СИДА. А тој можеби никогаш немало да се разболи бил контролиран, примал лекови итн. Мислам тоа не е етички како прво, како второ не е научно бидејќи јасна е причината, а таа насилна смрт така да такво однесување е необјасниво. Не знам како ги толерила власта, премиерот и другите да имам јас Комисија која пред избори ми го зголемува вештачки бројот на умрените. Ќе ги викна ќе ги прашам зошто го правите ова? Било која власт, ќе ги викнам ќе ги прашам зошто го правите ова да имаме повеќе од реалната бројка. Башка другите кои починуваат од карцином, други болести, дали треба да се пишат како Ковид или не има протокол од СЗО. Меѓутоа за насилна смрт итн. не доаѓа во предвид. Исто така посмртно ако се направи тест и пред сообраќајката ако му го направиле тој ќе умрел од сообраќајна незгода никако не може да умре од друго. Имаше и самоубиство. И посмртно ако се направи, а да речеме дека умрел од мозочен удар како што имавме случај вчера, да не споменувам имиња, не може да тврдите дека умрел од Корона. Ви треба обдукција, да има такви промени во организмот кој ги предизвикал вирусот. Ако човекот имал излив, а вирусот не влијаел или имал тромб, а не влијаел вирусот тогаш тој умрел од мозочен удар, а случајно бил позитивен како што имаме од тие денеска 500 и нешто, 200 луѓе кои се асимптоматски и нема да се разболат сигурно, вели Пановски.