дома Социјални Мрежи ВИЕ ГИ ЗАРОБИВТЕ, НАТО ЌЕ ГИ ОСЛОБОДУВА: Солза Грчева за слободата на...

ВИЕ ГИ ЗАРОБИВТЕ, НАТО ЌЕ ГИ ОСЛОБОДУВА: Солза Грчева за слободата на медиумите и изјавите на Стево Пендаровски

На конференцијата која ја организираше Националниот советник за НАТО интеграција Стево Пендаровски, на која се дискутираше за перспективата на Македонија во НАТО, Пендаровски се осврна и на слободата на медиумите

 

Според Пендаровски, медиумите во Македонија биле заробени, а со влезот во НАТО, наводно истите ќе се ослободеле и ќе можеле слободно да работат.

На тоа доби реакција од Солза Грчева на социјалните мрежи.

„Пендаровски: медиумите во земјите на НАТО, се најслободни.
Па вие ги дозаробивте и сега од НАТО ќе чекате да ги ослободи???Кој ве држи да не ги ослободите???
Ова навистина станува Апсурдистан.“ – напиша Грчева на својот ФБ профил.