дома Економија ВИЗ ЕР НЕПОДОБЕН: Сугарески го чекал грчкиот авиопревозник “Aegean Airlines”?

ВИЗ ЕР НЕПОДОБЕН: Сугарески го чекал грчкиот авиопревозник “Aegean Airlines”?

Министерот Сугарески по второто поништување на јавниот повик за финансиска поддршка на авиопревозниците, очигледно не чекал само на “Air Albania”, пренесува Магазин.

На скопскиот аеродром в четврток (1 ноември) во 18 часот ќе биде одбележано воспоставувањето на директните летови помеѓу Скопје и Атина од страна на грчката авиокомпанија “Aegean Airlines”, најави денеска ТАВ Македонија, концесионер на аеродромите во Скопје и во Охрид.

На настанот се најавени обраќања на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот за земски операции во “Aegean Airlines”, Панос Николаидис, и на генералниот директор на ТАВ Македонија, Алпер Ерсој.

На новата авиолинија, во согласност со зимскиот ред на летање, ќе се реализираат летови двапати неделно, секој четврток и вторник.

Како што објави беше најавено Скопје и Атина ќе ги поврзе авион на „Олимпик ер“, подружница на „Ејџијан ерлајнс“, а летовите ќе бидат со авион „кју400“ со капацитет од 78 патници.

Прашање е дали упорното поништување на јавниот повик за финансиска поддршка на авиопревозниците, од страна на Сугарески, на кој се пријавуваше само ” Wizz Air” не е резервирано за грчката “Aegean Airlines”?