дома Европа Викенд kapaнтин во Лисабон поради алapмантниот број на новозaболeни

Викенд kapaнтин во Лисабон поради алapмантниот број на новозaболeни

Жителите на Лисабон не смеат да го напуштаат градот за време на викендите, додека тамошните власти се борат со зголемениот број новозаразени, соопшти денеска португалската Влада.

Забраната ќе важи од 15 часот во петок до 6 часот наутро во понеделник. Жителите надвор од областа на Лисабон нема да смеат да влезат во главниот град.

Во десетмилионската Португалија, вчера беа регистрирани 1.350 нови случаи на коронавирус, што е најголемо дневно зголемување од февруари досега. Повеќето нови случаи се идентификувани во и околу главниот град.

Скокот на бројот на инфекции се случи еден месец откако Португалија ги отвори границите за посетителите од Велика Британија и ЕУ.