дома Занимливости Викторија за роденден на Дејвид му подари дезодоранс од 8 долари

Викторија за роденден на Дејвид му подари дезодоранс од 8 долари

Пензионираниот англиски фудбалер Дејвид Бекам го прослави својот 44. роденден во четвртокот, а Викторија Бекам (45) и нивните четири деца го опсипаа со подароци и честитки.

Ќерката Харпер (7) му подготви сендвич што го стави на жолт цвет. Синовите Бруклин (20) и Круз (14) му помогнаа на својот татко да подготви скара, а Ромео (16) ја објави нивната стара фотографија и му посака среќен роденден.

Викторија, со која е во брак од 1999 година, го изненади со балони. Сепак, најголемото внимание на Дејвид му привлече дел од нејзиниот подарок, дезодоранс „ла рош посај“, кој чини 8 долари.

Меѓутоа, поранешната спајсица исто така му подари и персонализирана дизајнерска торба со неговите иницијали.

Викторија објави фотографија на социјалните мрежи со нивните раце со романтичен опис.


„Среќен роденден. Ти си нашето сè. Те сакаме многу“, напиша Викторија.