дома Магазин Викторија Лоба конечно покажа кој е нејзиниот „крал“

Викторија Лоба конечно покажа кој е нејзиниот „крал“

Спортската „треска“ која месецов го зафати светот поради Светското првенство во фудбал, не ги остави рамнодушни и нашите ѕвезди.

Викендов се одржа и натпреварот меѓу Русија – Шпанија во кој Русија успеа да издвои победи со пенали, а Шпанија по поразот го напушти Мундијалот.

Македонската пејачка со руско потекло Викторија Лоба на „Инста стори“ сподели фотографија од голманот на Русија, Игор Акинфеев, а во описот на напиша „крал“.

Сепак се чини дека Лоба не навива само за Русија, туку има и друг фаворит.

Имено пред неколку дена таа на Инстаграм сподели фотографија од себе си облечена во боите и дресот на Аргентина.