дома КОВИД-19 (Коронавирус) Високи службеници од ИВЗ заразени со koронавирус

Високи службеници од ИВЗ заразени со koронавирус

Двајца високи службеници од Исламската верска заедница се позитивни на коронавирусот, пренесува „МКД“, според чии информации состојбата на еден од заболените е доста тешка. Станува збор за Мурат Хусеини, муфтијата од Кичево и Селвер Џемаили, шефот на кабинетот на в.д. реис на ИВЗ Шаќир Фетаху.

Тие деновиве биле членови на делагацијата на ИВЗ на Македонија која била домаќин на нивните колеги од ИВЗ Косово.

Според информациите на „МКД“ Џемаили е во домашен кaарантин, а кичевскиот муфтија бил во потешка состојба.