Министерот за надворешни работи, Бујар Османи поради својата функција е постојано во центарот на вниманието на јавноста, но ретко открива нешто за својот приватен живот.
На 30 август 2020 година, Бујар Османи е избран за Министер за надворешни работи на Република Македонија. Но, никогаш не се откажал од својата примарна докторска професија.
„Две саботи во месецот дежурам, оперирам секој понеделник, и секоја среда два часа држам амбуланта и тоа се обидувам да го држам во континуитет бидејќи сепак сум хирург. Работам рачна работа и поголема пауза ќе значи губење на вештините“.


„Не би знаел дали има рецепт за успешен брак. Валбона е рецептот. Едноставно се погоди човек со кој што имам успешен брак. Таа е рецептот за мојот успешен брак. Се погодивме. Љубовта ни се развива со текот на времето. Таа врска доби нова димензија вон таа романтична врска. Сега со децата во приказната станува уште поубаво“, рече тој за „Бекстејџ“ и откри дали се уште има љубомора во нивната врска:
„Знам да бидам љубоморен, но и Валбона уште повеќе. Кога патувам ми се јавува со видео линк“, кажа Османи.
Валбона пак често на социјалните мрежи споделува нивни заеднички фотографии, според кои може да се забележи дека станува збор за среќно и хармонично семејство.
Османи дипломира на Медицинскиот факултет во Скопје во 2004 година. Дел од својата специјализација ја завршува во Лондон, Обединетото Кралство во периодот 2006-2007 година, додека од 2012 година се стекнува со звање специјалист хирург. Од 2014 е докторант на Школата за докторски студии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде докторира во јули 2018 година. На 30 август 2020 година, Бујар Османи е избран за Министер за надворешни работи на Република Македонија.
Во продолжение погледнете повеќе фотографии од него и сопругата:



