дома Занимливости ВИСТИНСКИ СИЛЕН ЅВЕР: Исклучително редок примерок на црн леопард фатен на камера...

ВИСТИНСКИ СИЛЕН ЅВЕР: Исклучително редок примерок на црн леопард фатен на камера !

Леопард женка со ретка форма на меланизам е пресретната во централна Кенија во текот на 2018-та, но податоците излегуваат во јавност сега.

Биологот од Кенија, Ник Пилфолд, наслушнал дека низ шумите се појавува црн леопард и во 2018 со дозвола од друштвата за заштита поставил фото-мамци.

Не требало да помине долго време додека да се појави женска единка со изразена пигментација, заедно со нормално обоена повозрасна единка, најверојатно нејзина мајка.

Меланизмот е спротивна состојба на албинизмот и се манифестира со поголемо присуство на пигментот меланом, што предизвикува обојување на кожата и влакната кај животните.

Ова не е прв случај на сведоштво за постоење на леопард со меланизам во Кенија, но факт е дека тие се исклучително ретки и ова е уникатна можност светот да види како всушност изгледаат.

Се смета дека 11% од живите леопарди на планетава имаат меланизам, но дека токму тој им помага дополнително да се камуфлираат во околината, за да бидат што помалку видливи кога ловат, особено ноќе.