дома Македонија ВИЦЕ ЗАЕВ СЕ ЖАЛИ ДЕКА БИЛ РЕКЕТИРАН: Братот на премиерот се жали...

ВИЦЕ ЗАЕВ СЕ ЖАЛИ ДЕКА БИЛ РЕКЕТИРАН: Братот на премиерот се жали дека бил рекетиран од струмичанецот Митко Ѓоргиев

Вице Заев, братот на премиерот Зоран Заев вечерва на Телевизија Алфа во емисијата “Блиц” на авторот Љупчо Златев одговара на обвинувањата на струмичанецот Митко Ѓоргиев дека неговата штедилница Пеон се занимава со лихварство.

Во најавата за емисијата стоеше дека Заев е недостапен за коментар, но во меѓувреме тој стапил во контакт со авторот на емисијата. Образложението е дека телефонскиот број на Пеон е недостапен затоа што компанијата се реновира.

Емисијата во која Ѓоргиев обвинува за лихварство, а Вице Заев вели дека тој само бега од легалниот долг и сака да го рекетари преку медиумите, ќе се емитува вечерва во 22:00 часот на Телевизија Алфа.